
Одредени судиите кои ќе ја делат правдата за натпреварите од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Овој викенд ќе се играат пет натпревари, а ќе стартуваат во 16:30 часот.
Во Кавадарци ќе се игра дуелот на двата лански прволигаши Пелистер и Брера каде за правдата ќе биде задолжен Стојанче Стојанов, а ќе му асистираат Богданчо Георгиев и Петар Михаилов, а пак четврти судија ќе биде Дарко Стојанов. Овој натпревар ќе можете да го следите во живо на М Нет телевизија.
Марјан Стојановски ќе им суди на Новаци и Беласица, а ќе му асистираат Зоран Јанкуловски и Давор Цветаноски, а пак четврти судија е Бенарт Зеќири.
За правдата на мечот меѓу Еуромилк ГЛ и Македонија ЃП ќе биде задолжен Владимир Ѓорѓиевски, а ќе му помагаат Николче Дрнковски и Дарко Василевски, а четврти судија е Кристијан Гаревски.
Во Гевгелија ќе се соочат Кожуф и Шкупи дуел каде правда ќе дели Боби Величков како главен арбитар, а негови асистенти ќе бидат Александар Ајдаров и Андреј Ќамилов, а пак Блаже Петковски ќе ја има улогата на четврти судија.
Натпреварот меѓу Камјани и Осогово ќе го суди Ивана Пројковска, а помошници ќе бидат Бојан Иваноски и Филип Николов, а пак Ненад Тодоровски ќе биде четврти судија.
Натпреварот меѓу Детонит Плачковица и Охрид, како и меѓу Тетекс и Работнички се одложени за 24 септември, поради повикани фудбалери во македонската репрезентација до 20 години од овие екипи за настап на Медитеранските игри во Италија.
Александар Ванев, М-Нет