Штипјанецот Петре Чурлиновски доби плакета за посебен придонес во областа на спортот и унапредување на боксот!

Со повеќе од 50 години искуство како тренер и селектор, штипјанецот Петре Чурлиновски доби плакета за посебен придонес во областа на спортот и унапредување на боксот, од страна на боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“ од Охрид.

Оваа плакета Чурлиновски ја доби на последното коло од „Опен Балкан“ лигата, а кое коло се одржа во Охрид. Боксерите на Пинк Пантер кој ги води тренерот Чурлиновски се победници на „Олимписки надежи“ на „Опен Балкан“ лигата.

Чурлиновски заслужено ја доби плакетата бидејќи има многу дадено за боксот во Штип, но и во Македонија. Својата кариера како тренер ја започнува во 1975 година, во боксерскиот клуб Младост од Штип, од 1994 година е во боксерскиот клуб Баграла од Штип, а од 2023 година во боксерскиот клуб Пинк Пантер, каде со неговиот ангажман клубот се подига на високо ниво и забележува одлични и големи резултати со младите боксери.

Чурлиновски е селектор повеќе од 15 години, ги има водено сите селекции на Македонија, кадетска преку јуниорска со сениорска репрезентација. Во 1998 година на првото Европско кадетско првенство кое се одржува во Битола, Македонија со Чурлиновски освојува еден златен и два бронзени медали, а пак во 2008 година на Европското сениорско првенство брозен медал во Ливерул со Вели Мумин, што е огромен резултат и успех.

Во Штип интерес за боксот има истакна искусниот тренер за М Нет телевизија.

Чурлиновски има добиено голем број на плакети и признанија низ неговата богата кариера, а едно од позначајните е плакетата која му ја додели Националната боксерска федерација на Македонија како признание за животно дело.

Чурлиновски е тренер со големо стручно образование, а од страна на Меѓународната боксерска асоцијација и Европската боксерска федерација има добиено титула тренер со две ѕвезди што е големо достигнување.

Александар Ванев, М-Нет