
Штипјанецот Петар Мијалков е професионален мотоциклист, кој веќе две сезони се натпреварува во Европско Балканскиот шампионат, но дополнително се натпреварува и во шампионатот на Македонија.
Желбата на Мијалков за возење мотор е од мали нозе, но поради финансии дури пред две години купува мотор и започнува да ја реализира својата желба.
Мијалков и пред да започне со професионални трки возел мотор.
Штипјанецот се натпреварува во Европски Балкански шампионат, но и во македонски шампионат, до 1000 кубици со мотор „Кавасаки“.
Мијалков се подготвува за трката во Брно, Чешка, стаза која ќе биде доста тешка, а конкуренцијата е голема.
Подготовките за трката во Брно течат во најдобар ред, а до крајот од оваа сезона Мијалков го очекуваат уште 11 трки.
Александар Ванев, М-Нет