Штипјанец остана без својата гаража на државно земјиште, отстранета е од надлежните

Гража од цврста градба на државно земјиште во Штип отстранета од страна на надлежните. Од овде се појавуваат и низа проблеми со кои се соочува сопственикот кој ја наследил гаражата од неговата тетка. Во 2011 година тој поднел документи за да го легализира објектот, но одговор за дали ќе се легализира или не добил дури по повеќе од десет години. Во, меѓувреме е гаражата е отстранета. Врвот го достигнува фактот дека прво гаражата се руши од надлежните, а потоа се добива решение дека постапката за легализација е одбиена.

„На 17.01.2022 година се донесува решение со кое ме задолжува со погрешна адреса на живеење да ја отстранам гаражата во рок од осум дена. Од страна на урбанизам за легализација на објектот е донесено решение на 24.01.2022 година. во првото решение градежниот инспектор појаснува дека постапката на барањето на Зоран некој си бара легализација на објектот. Овде не стои ниту моето име.“ – вели Горан.

Во гаражата која е отсранета штипјанецот Горан имал свои работи кои сега како што вели тој завршиле во ЈП Стипион. За да си земе назад, вели сега требало да исплати 106 илајди денари, за отстранувањето на гаражата. Поднел и жалба, па и овде се највуваат недоречености според него.

„Од кога ја утврдија цената за уривањето ме најдоа на вистинската адреса, а претходно сите документи и списи ги доставувале на некоја непостоечка адреса за мене. Директорот на Стипион не беше запознаен како работите завршиле кај нив.“ – додава Горан.

Од Општина Штип на ова одговорија дека сите иматели на бесправно изградени објекти гаражи биле известени за превземаните дејствија и за сите е водена постапка од страна на Општината.

„При реализација на зададените мерки за отстранување на бесправно изградени објекти – гаражи не наидовме на негативна реакција од ниту еден од останатите иматели, туку сите совесно и на сопствен трошок во дадениот рок ги отстранија. Лицето Горан М. е еден од имателите на гаража кој беше уредно известен дека се води постапка за отстранување, но истиот одбиваше да ги прими сите списи кои беа изготвени. Бидејќи тој не ја отстрани бесправно изградениот објект – гаража, Општина Штип пристапи кон присилно извршување и го отстрани објектот“ – напишаа од општината.

Постапката за отстарнување на гаражи поставени на државно земјиште започна пред извесен период во Штип, со цел да се ослободи просторот и истиот да се преуреди и прилагоди на потребите на сите граѓани.

Лаура Стојанова М-Нет