Штипјанец неовластено ја снимал куќата на сосетката на ул.„Пролетерска“

На 25.01.2021 во 12.49 во СВР-Штип, С.Д.(47) од Штип пријавила кривично дело „неовластено снимање“ на нејзината куќа на ул.„Пролетерска“ во Штип од страна на нејзиниот сосед Г.Н.(50). При преземање на службени дејствија околу 13.35 часот од страна на полициските службеници, во врска со пријавениот настан Г.Н.  агресивно се однесувал кон нив.

На 25.01.2021 во 17.30 часот во полициската станица Штип, (во врска со претходно пријавениот настан), Г.Н.(50) од Штип пријавил дека околу 13.15 часот на ул„Пролетерска“ во Штип од страна на неговиот сосед С.Д.(20) му биле упатени вербални закани.

Полициски службеници од полициската станица Штип ги повикале на службен разговор Г.Н. и С.Д.(20) и се работи на расчистување на случајот.