
На 08.06.2021 во 17.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во населба „Железничка“, на земјен пат, мотоцикл крос без регистарски ознаки, управуван од Д.П.(30) од Штип излетал од коловозот. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.