Штипјанец возел 96 км на час на дозволено 40 км на час, маж од Злетово возел пијан

На 07.09.2025 во 06:20 часот на регионалниот пат кај с.Пишица-Пробиштип, полициски службеници од  ОВР Пробиштип го лишиле од слобода Е.С.(30) од Штип. При радарска контрола, било констатирано дека Е.С. управувал патничко возило „венто“ со штипски регистарски ознаки, со брзина од 96 километри на час во населено место, каде дозволената максимална брзина на движење е ограничена на 40 километри на час. 

На 06.09.2025 во 23:30 часот во с.Злетово, пробиштипско, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода Т.П.(52) од с.Злетово, пробиштипско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,59 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.