Штипските Соколи забележаа убедлива победа над Спортисимо, Овче Поле загуби со тесен резултат од Бутел

Екипата на Соколи со убедливи 115:76 го декласираше тимот на Спортисимо на домашен терен, во меч каде штипските кошаркари доминираа и со тоа имаат два од два на стартот од новата сезона во Првата лига.

Висок триумф забележа и тимот на Охрид кој го декласираше Младинец со 105:77, а пак Борец Баскет од Велес доживеа тежок пораз од екипата на Струмица ФМП на гостински терен.

Бутел со тесни 81:78 го доби натпреварот со Овче Поле, а пак Тетекс немаше сили и на домашен терен загуби од Мега Баскет со 78:85.

Екипата на Вардар на домашен терен стигна до сигурна победа над Водно Санс со резултат од 84:73.

Екипата на Соколи од Штип има одлично отварање на сезоната со две победи од два натпревари, па заедно со екипата на Струмица се на првото место со по четири бодови во групата Б, додека пак во групата А максимален ефект имаат Вардар, Охрид и Мега Баскет.

Во следното коло ќе се игра дерби во Свети Николе меѓу домаќинот Овче Поле и гостинот Соколи од Штип.

Александар Ванев, М-Нет