Штипските пожарникари од ДПД со успешно претставување во Хрватска и нови меѓународни пријателства


Членовите на ДПД-Штип се враќаат од Хрватска збогатени со нови искуства, знаења и пријателства, по учеството на меѓународниот натпревар во противпожарни вештини, организиран од ДВД Опчине Марчана.
Заедно со колегите од ДПД-Кочани и ДПД-Архангел, штипските пожарникари беа дел од настан кој обедини екипи од повеќе земји, овозможувајќи размена на искуства, усовршување на техниките и јакнење на соработката меѓу доброволните противпожарни друштва.


Под мотото „Кон нови авантури и нови запознавања“, тие уште еднаш ја потврдија својата посветеност, тимски дух и подготвеност да се соочат со нови предизвици, претставувајќи го Штип и Македонија во најдобро светло.
Ова учество претставува значаен чекор напред во афирмацијата на македонските доброволни противпожарни друштва на меѓународната сцена, испраќајќи јасна порака дека преку заедништво и соработка се постигнуваат најголемите успеси.