
Центарот за култура „Ацо Шопов“ Штип утре официјално ќе ја постави првата фотонапонска централа од обновливи извори. Фотонапонската централа ќе се постави на кровната конструкција на една институција од областа на културата. По тој повод Центарот за култура „Ацо Шопов“ викендов ќе има и дводневна културно-уметничко програма под мотото „Енергијата е иднината“. Ликовни работлници, музички групи и ди џеи ќе има на сцената пред платото на Центарот за култура.
„За првпат Центарот за култура ја отвора првата фотонапонска централа која е од обновливи извори и тоа за нас значи да имаме подобри услови, повеќе средства за работа и креација за самите уметници. Програмата е дводневна, она што е битно за утрешниот ден со почеток од 11 часот, планирано е да имаме ликовна работилница во менторство на Верица Наумова, ќе се црта мурал со поголемите деца, а со помалите ќе има работилница.“ – вели Трајков.
Директорот, Горан Трајков денеска на прес конференција истакна дека на проектот за поставување фотонапонаска централа се работело две години и е реализиран преку јавно приватно партнерство. Кровот на штипскиот Дом за култура претходно беше реконструиран.
„Фотонапонската централа е со вредност од 240 киловати на час, што значи дека во просек би произведувала по еден мегават на ден, можеби и повеќе.Поднебјето во Штип е доста сончево и се надеваме дека ќе имаме поголемо производство, а тоа значи и поголем влезна средства кои ќе се искористат во различни цели кои ќе бидат потребни за центарот“ – додава Трајков.
.Во рамките на оваа програма ќе биде и караванот под мотото „Тоше за овој свет“.
Лаура Стојанова М-Нет