
Десеттото коло на Првата ракометна лига се отвара со три средби во сабота и четири во недела, коло кое носи дерби во салата „Кочо Рацин“ во Скопје и тешко гостување на Текстилец, во Свети Николе гостува лидерот Вардар Неготино.
В сабота од 16:30 часот во салата „Цар Самоил“ во Свети Николе ќе се одигра натпреварот меѓу Овче Поле и лидерот Вардар Неготино, гостинот е фаворит за продолжува на победничката низа и да ја држи бодовната предност од два бода пред конкурентите, домаќинот посакува позитивен резултат и со тоа да дојде на минус еден од првото место.
Тимот на Сокол Саса од Македонска Каменица ќе гостува кај ланскиот суперлигаш Пролет во натпревар каде домаќинот е апсолутен фаворит за триумф и со тоа брза рехабилитација по големиот пораз од Македонија ЃП во претходното коло, мечот започнува во 18 часот.
Половина час подоцна Драчево Јуниор на домашен терен ќе игра со Преспа и со тоа ќе се затвори саботната програмата.
В недела од 15 часот штипски Текстилец УГД ќе има тешко гостување кај Аеродром. Штипјани се пласирани на осмата позиција со десет бодови, а пак скопскиот тим е на петтото место со два бода повеќе односно дванаесет.
Аеродром посакува триумф со цел да може да остане во чекор со врвот бидејќи има само три бода помалку од водечкиот Вардар Неготино, а пак Текстилец УГД со триумф ќе го остави во трка за висок пласман.
Средбата меѓу Аеродром и Текстилец УГД се игра во салата „Антон Димитров“ во Бител.
Илиден на домашен терен како фаворит ќе го пречека тимот на Шампион средба која стартува во 15:30 часот, а во ист термин во Гостивар стартува и дуелоит меѓу Јехона и Партизан од Гевгелија.
Колото се затвара со дербито во салата „Кочо Рацин“ во Скопје меѓу Македонија ЃП и Радовиш од 16:00 часот. Домашниот тим имаше убедлива победа над Пролет во претходното коло од десет разлика и ќе сака уште една победа над ланскиот суперлигаш за да продолжи да го напаѓа првото место. Радовиш пак во претходното коло доживеа вистиски дебакл од Вардар Неготино и со тоа ќе сакаат радовишани да се вратат експресно на победите заборавајќи го големиот пораз од претходното коло.
Александар Ванев, М-Нет