
Во наредните седум ден спортски клубови, здруженија и спортски институции може да аплицираат на распишаниот јавен огла на Општина Штип за да добијат финансиски средства. 16 милиони денари се обезбедени средства од Буџетот на општината за да се помогне и да се поддржат спортските нституции, но и манифестации и поединци кои постигнале успех во спортот на територија на Опшина Штип.
„Ги повикуваме и охрабруваме сите оние кои во изминатиот период постигнале резултати да се пријават на овој повик се со цел унапредување и инвестирање во сите спортски достигнувања. Општина Штип во изминатиот период се гордее со секоја победа, секој успех од областа на спортот. Штип е град од каде потекнуваат познати спортисти и спортски клубови“ – кажа Јорданов.
Во изминатиот период се вложени некаде околу половина милион евра за унапредување и поддржување на спортот во Општина Штип, а градоначалникот Јорданов истакна дека со такво темпо ќе продолжат и во иднина.
„Ние како општина ќе останеме постојани партнери на младите бидејќи спортот зазема значајно место кај младите“ – додава Јорданов.
Огласот е распишан и и сите заинтересирани страни може да се пријават до 30 јануари оваа година. По пријавите ќе одлучува комисија, и ќе се објави конечната листа на лица поединци и институции кои ќе добијат финансиска поддржка од Општина Штип за унапредување на спортот.
Лаура Стојанова М-Нет