Штип УГД ја одбрани Куп титулата – започнува штипската домининација во македонската одбојка, штипјани сакаат двојна круна!

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Одбојкарскиот клуб Штип УГД испиша нова историја откако успеа да ја одбрани Куп титулата, во големото финале беше совладана Струмица со резултат од 3-0 во сетови.

Штипјани одлично го отворија финалето откако со 25:21 беа подобри, во вториот сет неизвесноста беше поголема, се играше поен за поен двете екипи се обидуваа да изградат посериозна резултаска предност во вториот сет, но сепак со 26:24 Штип УГД направи предност од 2-0 во сетови.

Во третиот сет штипјани беа подобри со 25:21 и со тоа го освоија сетот за 3-0 и одбрана на Куп титулата.

Првата изјава веднаш по финалето тренерот Кристиан Ристески ја имаше за М Нет телевизија кој ги сподели првите импресии и впечатоци.

„Резултатот од 3-0 е резулат кој секоја екипа го посакува, меѓутоа не би рекол дека тоа беше лесен натпревар. Впрочем сите оние кои го следеа, кои имаа шанса тука во салата „25 Мај“ и на малите екрани забележаа дека беше натпервар со доста многу пресврти со многу тактички надмудрувања, сепак мислам дека на крај пресуди и концентрацијата смиреноста и сите оние зададени закачи коишто ги имавме ние претходно анализирано подготвено за овој натпревар, вродија со плод и на крај мислам дека заслужено го добивме овој натпервар. Нема пауза за нас, сега ни следува полуфиналето од плеј-офот веќе од следната недела, така што овој натпревар денес нормално титулата ќе ја прославиме соодветно меѓутоа од понеделник почнуваме за оној втор дел кој ни следи, а тоа е второто финале од Првата машка одбојкарска лига. Доста работи Струмица промени во нивниот начин на игра, јас најавив и кажав дека сум спремен дека ги увидов тие работи, пробавме функционираше, така што сепак уште еднаш ќе кажам дека овој резултат не е изненадувачки“, рече Ристески за М Нет телевизија.

Давид Стојанов, кој го носи дресот на Штип УГД беше избран за најдобар играч, тој за М Нет ги сподели вчепатоците по освоената првата Куп титула во неговата кариера, а втора за Штип УГД.

„Втора Куп титула на ОК Штип УГД моја лично прва, искрено презадоволен сум се’ уште сум под импресии најубаво ќе биде да легнеме да отспиеме, па утре ќе кажеме за вистинските впечатоци. Но, најискрено мислав дека ќе биде потежок натпреварот малку подолг, но среќен сум што успеавме да завршиме на ваков начин со 3-0. Имаме полуфинале два натпревари со Универзитет Тетово секако се надевам на лесни натпревари 2-0 да завршиме и после ни следува финалето со Струмица во три натпревари“, рече Стојанов за М Нет.

Штип УГД ја започнува доминацијата во македонската одбојка, а клубот сега се насочува кон освојување на титулата и во првенството со што доколку ја исвои ќе испиша историја и за првпат ќе ја освои двојната круна.

Александар Ванев, М-Нет