
Одбојкарите на Штип УГД доминираат во Првата одбојкарска лига и по шест кола имаат максимален ефект. На последниот одигран меч во домашниот шампионат штипјани ја декласираа Лирија во гости.
Првиот сет Штип УГД го доби со 17:25, а вториот со 11:25, додека пак во третиот сет домаќинот се обиде да парира, но сепак Штип УГД го доби сетот со 25:27.
Во однос на останатите натпревари Шкендија со 3:0 го декласираше Скопје, Македонија Џио беше подобра од Јанта Волеј со 1:3 во сетови, а пак Работнички на домашен терен со 3:1 го доби Сушево.
Шампионот Струмица одигра доминантен меч против Универзитет Тетово со 3:0 во сетови, а во секој сет тимот од Тетово беше инфериорен. Првиот заврши со 25:13, вториот со 25:11, а третиот со 25:18.
Одбојкарите на Весна Пробиштип беа поразени од Борец во Велес со 3:0 во сетови.
На врвот од табелат е Штип УГД со максимални 18 бодови, втора е Струмица со 16 бодови, Работнички е трет со 15 бодови, на дното се Јанта Волеј и Скопје без позитивен резултат и нула бодови.
Александар Ванев, М-Нет