
Македонскиот шампион Штип УГД забележа убедлива победа на домашен теренс совладувајќи го Работнички од Скопје во натпревар од 4. коло на домашниот шампионат, добивајќи го со максимални 3:0 во сетови.
Штипјани предводени од стратегот Кристиан Ристески во сите три сетови доминираа и донесеа голема радост за верната публика во спортската сала „Џексон“ со што Штип УГД стигна до четири од четири во Првата одбојкарска лига на Македонија.
Првиот сет шампионот го доби со убедливи 25:11 со што скопскиот тим немаше капацитет да му парира на тимот на Ристески. Во вториот сет Штип УГД беше подобар со 25:14 за 2:0 во сетови, а во третиот сет македонскиот шампион го потврди резултатот од првиот сет односно 25:11 за конечните 3:0.
Оваа сезона Штип УГД ја брани двојната круна, а пред почетокот на сезоната го освои и Суперкупот на Македонија.
Александар Ванев, М-Нет