
Од 6 април во Штип започна нова ера во контролата на паркирањето, казните веќе се евидентираат автоматски преку специјални возила опремени со камери. Наместо рачна контрола, системот дигитално ќе ги чита регистарските таблички и веднаш ќе детектира неплатено или неправилно паркирање. Според градоначалникот Иван Јорданов, ова значи значително намалување на злоупотребите. Новиот „смарт“ модел е предвиден да донесе побрза, поефикасна и транспарентна контрола на терен. Со ова, секое неправилно паркирање ќе биде регистрирано без исклучоци. Целта е јасна, повеќе ред, помал метеж и поуреден град за сите граѓани
„Станува збор за еден смарт модел за контрола, евидентирање на паркираните возила. Целта е да се изолираат злоупотребите и да се практично ограничи човечката одлука во овој модел. Станува збор за еден дигитален начин со современи камери, кои ќе ги отчитуваат регистерските таблици на возилата кои се паркирани, со тоа веруваме дека че се зголеми наплатата, но и ќе се намали метежот во централното градско подрачје, затоа што сите сме сведоци на злоупотребите кои се случуваат во паркирањето. Ова е еден начин да се намали оваа тенденција преку дигитално читање и дигитално евидентирање на сите паркинг позиции.“- Иван Јорданов градоначалник на општина Штип.
Како што истакнува Панче Стефановски, со новите хибридни возила и камери, секое неправилно или неплатено паркирање ќе биде детектирано во реално време, брзо, прецизно и без простор за злоупотреби. Стефановски додава дека ова е чекор кон целосно дигитализиран и правичен систем кој ја става дисциплината во сообраќајот на повисоко ниво.
„Овој модел веќе успешно функционира и дава одлични резултати во соседните држави, а ние од него очекуваме во голема мера да ја зголеми ефикасноста и функционалноста во работењето и исто така значително да ги намали или елиминира влијанието на човечкиот фактор, а со тоа и можноста за злоупотреби и непостапувања. Веќе официјално започнаа да патролираат новите хибридни возила со инсталирани камери на нив, овие возила на многу лесен и едноставен начин ќе ги учитуваат сообраќајните таблички, во реално време ќе испраќаат информации до софтверот кои што ќе евидентира кои од возилата се непорписно паркирани и кои од возилата немаат наплата.“- Панче Стефановски, директор на Стипион
Како што истакна Стефановски, овој модел дава одлични резултати во соседните држави, па од истиот се очекува да ја елиминира можноста за злоупотреби и непостапувања во сообраќајот.
Дајана Сандева, М-Нет