Шкендија фуриозно во Ѓорче Петров

фото: ФФМ

Актуелниот бранител на титулата во Првата МФЛ, екипата на Шкендија, убедливо со 1:3 славеше на гостувањето кај Македонија ЃП во рамките на второто коло.

Тетовци ја наметнаа доминацијата уште од самиот почеток и поведоа во 8. минута кога Красниќи асистираше до Фитон Адеми, кој прецизно реализираше за 0:1.

Домаќините потоа останаа со играч помалку, откако Кабаркас доби директен црвен картон за прекршок врз Адеми.

Со играч повеќе, Шкендија рутински го контролираше мечот и во 54. минута зголеми на 0:2 од пенал што го реализираше Красниќи. Во 68. минута Тамба погоди за 0:3, а конечниот резултат 1:3 го постави Глишиќ во финишот.

Ова е втор триумф за Шкендија сезонава, по победата над Шкупи (5:1) во првото коло, додека Македонија ЃП останува без бодови по поразите од Струга ТЛ и Шкендија.

Извор: ФФМ