Шкендија означи старт на подготовките, на подготовки во Анталија

Шкендија го имаше првиот собир во новата година и со тоа означи старт на подготовките за пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига.

Поранешниот македонски фудбалски шампион до 24. јануари ќе тренира во Тетово, а потоа ќе замина на подготовки во Анталија каде ќе остане до 10. февурари. На турско тло ќе бидат одиграни четири пријателски натпревари.

Тимот вчера го одработи првиот тренинг во 2023 година, а на првиот собир присутен беше и Методи Максимов, кој прво е засилување за Шкендија.

Следуваат медицинските прегледи на фудбалерите, а од петок продолжуваат подготовките со два тренинзи дневно. Шкендија есенскиот дел го заврши на третото место со 28 бодови и има негатива од девет бода во однос на лидерот Струга Трим Љум, но и меч помалку.

Пролетната полусезона ќе започне на 19. февруари, а Шкендија истата ќе ја отвори со големото дерби против Шкупи.