
Македонскиот фудбал остана со два претставника во европските квалификации, шампионот Шкендија кој игра во квалификациите за Лигата на шампионите и освојувачот на Купот на Македонија, Вардар кој игра во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА.
Силекс заврши со настапите откако беше елиминиран од Дечиќ. На првиот меч Силекс загуби во Црна Гора со 2:0, а дома победи со 2:1 но не беше доволно за следна фаза. Работнички од Европа се прости со два порази, на гости со 3:0 загуби, а дома со минимални 0:1.
Шкендија ќе има долго европско лето откако се пласираше во второто квалификациско коло со Стеауа Букурешт од Романија.
Првиот меч ќе се игра во Скопје, а истиот е закажан за 22 јули во 20 часот, а пак реваншот е во Романија закажан за 30 јули од 19:30 часот. Во првото квалификациско коло Шкендија го елиминираше ТНС од Велс.
Вардар пак продолжува во второто квалификациско коло откако со победа од 3:0 и реми од 2:2 против Ла Фиорита, освојувачот на Купот на Македонија оди во втората фаза.
Таму Вардар ќе се соочи со Лозана од Швајцарија. Првиот меч Вардар го игра дома на 24 јули со почеток од 19 часот, а пак на 31 јули Вардар ќе гостува во Швајцарија со почеток од 19 часот.
Александар Ванев, М-Нет