
Амбициозниот третолигаш Шкендија Арачиново промовираше ново засилување, станува збор за 23-годишинот Иса Абдулахи, кој има албанско државјанство и доаѓа од тимот на Динамо Тирана.
Кариерата ја започна во академијата на Торонто, а потоа продолжил во младинските погони на Партизани од Тирана. Новото засилување на есенскиот шампион во Трета лига – Север игра на позицијата крилен и дефанзивен играч за врска.
Клубот се раздели со Адем Саиди, Илир Сула, Фатмир Арифи и Адем Емини, а претходно се раздели и со Емир Алиу, а досега се засили со Фиктер Љиварека, Ертан Демири, Мргим Дани и Бесир Бафтијар.
Шкендија Арачиново има предност од осум бодови во однос на второлипласираната Фортуна во Трета лига – Север и повеќе од јасно е дека во пролетниот дел само ќе го потврди првото место, а со тоа да го обезбеди баражот за можен влез во Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет