
Утре ќе биде одигран еден меч, а пак во среда два од првата фаза на Купот на Македонија.
Во Куманово ќе има второлигашко соочување на Шкендија Арачиново и Каменица Саса, во неизвесен дуел.
Во среда третолигашко Пчиња ќе се соочи со второлигашот Новаци, а во кој меч фаворитската улога ќе биде на страна на Новаци.
Второлигашот Тетекс во Купот ќе се соочи со прволигашот Пелистер, каде битолчани ќе бидат големи фаворити.
Првата фаза од Купот на Македонија ќе се комлетира следната недела со четири натпревари. На 9 септември Победа ќе игра со Башкими, а пак на 10 септември Скопје ќе се соочи со Тиквеш, четвртолигашот Јени Маале против тетовска Шкендија, а пак Кожуф против Шкупи.
Александар Ванев, М-Нет