
Тажна слика, скршени срца, редица граѓани кои чекаа да запалат свеќа и да оддадат почит на починатите и во село Облешево. Кобната ноќ во дискотеката во Кочани, својот живот го изгубија и шест млади деца од село Облешево. Полни со живот, со насмевки и со желба за живот, загинаа пеејќи во еден глас. Жителите на Облешево потресени, позади објективот на камерите, велат ваква трагедија не се памети. Потресени, со солзи во очите палеа свеќа, за младите кои несреќно починаа.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет