Шахпаска: Во детските градинки ковид ситуацијата е стабилна

Ковид ситуацијата во детските градинки во државата е стабила, децидна денеска беше Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. Таа истакна дека поголемиот дел од вработените во овие установи се веќе вакцинирани, истовремено децата се безбедни, бидејќи детските градинки беа први кои почнаа со работа на девети септември минатата година во ковид пандемијта. Нема потреба за тестирање на дечињата, како што е тоа случај кој сега се воведе во училиштата, односно со дозвола од родител или старател да се прави скриниг на учениците.

„Во детските градинки состојбата е стабилна, тоа беа првите јавни установи кои што беа отворени минатата година на девети семптември и покажавме дека тоа е сигурно и безбедно место за згрижување на децата од предучилишна возраст. Последни бројки кои што ги имам од петокот е дека има само девет позитивни вработени и мислам дека шест деца што значи состојбата е стабилна. Исто така што е значајно 76% од сите вработени во градинките се вакцинирани. Воспитувачите и негувателите во многу повисок процент некаде до 78 – 80% меѓутоа и останатите, помошно – технички персонал“ – додаде Шахпаска.

Инаку, во основните и средни училишта во државата позитивни ковид случаи почнаа да се појавуваат веднаш по првиот училишен ден. Меѓутоа, Министерката за образование и наука, Мила Царовска истакна дека процентот е мал и дека ретско се случува да има трансмисија.

Лаура Стојанова М-Нет