
Ракометарките на Астибо претрпеа висок пораз од шампионот Ѓорче Петров во меч од 11. коло на Суперлигата со резултат од 27:42, а кој меч наместо во Штип, Астибо како домаќин го играше на теренот на „лавиците“.
Штипскиот тим одлично го отвори мечот со 4:1, предноста ја одржуваше до 20. минута кога имаше 13:12, а потоа работите се променија во последните десеттина минути на првиот дел „лавиците“ стекнаа предност од 15:20.
Во вториот дел разликата постојано се зголемуваше – Астибо немаше сили да парира, а шампионот само билдаше резултатска која на крајот изнесуваше 27:42. Прво име кај Астибо беше стандардно Марија Анчева со девет гола, додека пак кај „лавиците“ најдобра беше Стефанија Ѓорѓиевска со десет реализации.
Чаир како апсолутен фаворит го декласираше тимот на Спартак со 16:40, а пак Металург Автокоманда воопшто не виде мака и како на тренинг со 36:10 го совлада тимот на Пелистер.
Колото се затвара денес со мечот меѓу Вардар и Куманово.
Александар Ванев, М-Нет