Шампионот Струга го промовираше Стефан Јевтоски, работи на ростерот за следна сезона и закажа пет контролни натпревари

Шампионот во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Струга Трим Лум го промовираше Стефан Јевтоски за нов играч. 26-годишниот Јевтовски пристигнa од унгарски Ујпешт за да ја засили дефанзивната линија на македонскиот шампион, а во својата кариера има настапувано за Металург и Работнички, додека пак во Бугарија го носеше дресот на Локомотив Пловдив од Бугарија, Вараждин од Хрватска и Арсенал Киев од Украина.

Претходно, Струга се засили и со 28-годишниот Јапонец Масааки Такахара, кој минатата сезона ги бранеше боите на Гостивар. Офанзивецот беше претставен откако претходно Струга ја продолжи соработката со Бесарт Ибраими и за следната сезона, а како што објави телевизија М Нет, на голманската позиција Струга Трим Лум се засили со Филип Дујмовиќ.

Струга како шампион ќе игра квалификации за Лигата на шампионите, а веќе се закажани и четири пријателски натпревари преку кои ќе се темпира формата за новата сезона.

Струга Трим Лум првиот тест ќе го одигра против Тиквеш на 20. јуни, потоа ќе игра против Партизани од Албанија, а мечот ќе се одигра на албанско тло односно во Поградец на 24. јуни.

Четири дена подоцна Струга Трим Лум ќе игра против Тирана, екипа од Албанија, а пак на 1. јули ќе следува тестот против косовски Љапи кој ќе се одигра во Охрид.

Александар Ванев, М-Нет