
Во новата сезона од Суперлигата во пинг-понг во машка конкуренција ќе се натпреваруваат десет екипи, а на стартот од истата екипата на Шампион ФА од Штип запиша висока победа од 4:1 над прилепски Младост.
Во рамки на првото воведно коло екипата на Пелагонија од Битола со 4:0 го совлада Берово, а пак Крива Паланка со 4:1 беше убедлива против Вардар.
Младост 96 со 4:2 триумфираше над Радовиш, додека пак Астраион и Телеком Нец 2 одиграа неизвесен и возбудлив меч кој заврши со резултат од 3:4 за скопската екипа со што струмичани сезоната ја отворија со пораз.
В недела ќе се одиграат натпреварите од второто коло, а веднаш потоа ќе се одиграат и натпреварите од третото коло.
Паралелно со стартот на Суперлигата започна и Првата лига во пинг-понг, а во рамки на првото коло Студент со 4:3 го доби Кочани, Борец Тим со 4:0 беше убедлив против Рисови, додека пак Дебар Маало загуби од Работнички со 1:4.
Екипата на АС Ѓорче Петров со 4:1 триумфираше над Куманово, додека пак Крива Паланка 2007 со 4:1 беше подобра од Берово 2.
В недела ќе се одиграат натпреварите од второто и третото коло.
Александар Ванев, М-Нет