Чудотворната икона на Богородица, ќе може да се посети секој ден од 07 до 15 часот во штипско Ново Село

Чудотворната икона на мајката Божја Богородица-Троеручица е новиот заштитник на Штип. Монасите од светогорскиот манастир Хиландар, со молитви викендов ја донесоа пред градската црква Свети Никола и со овдешните свештеници и голем број верници, преку литија ја поставија во храмот посветен на свети Димитрија во штипско Ново Село. Од сега секој ден од 7 до 15:00 часот, граѓаните ќе можат да се поклонат на иконата и да се помолат, божествената бладичица и скоропослушница, ги услиши нивните желби. Светогорските монаси, велат дека небесната владичина Богородица, бира градови и храмови каде да пристигне со својата икона и затоа Штип треба да биде горд за ова чудо.

,,Таа бира градови и храмови каде што сака да дојде со својата икона. Во манастирот Хиландар постои вековна традиција, Пресвета Богородица самата игуманија со својата чудотворна икона да стои на прво место. Затоа кога доагаме во некој друг храм, ние не велиме дека сме ја донеле иконата, туку дека сме дошле по Божја промисла и со нејзина придружба.“, кажа отец Методиј

Како што рече и митрополитот брегалнички г. Иларион, Богородица во последниот период трипати ја благослови Македонија. Кога замина нејзиниот свет појас до Белград Србија, таа леташе над државата, а и кога се враќаше повторно поминуваше и ја благословуваше Македонија. За третпат таа пристигна со својата чудотворна икона во Штип, додаде тој.

,,Мајката Божја, оди таму каде што сака, еве денес дојде тука кај своите чеда , да не посети и благослови. Кога замина светиот појас нејзин за соседната Србија Белград, таа леташесо појасот над нас и не благословуваше и денеска кога се враќаше повторно на Света Гора пак не благослови и еве денеска со пристигнувањето на иконата Троеручица, игуманиајта нашата доага да не благослови и да ни даде сила, да имаме вера во нејзинот син и да не губиме надеж, но секогаш со нејзина помош да ги победуваме сите искушенија и со нејзина помош да го живееме царството небесно овде на земјата.“, вели Иларион

Инаку, уште во саботата голем број верници ја посетија црквата свети Димитрија и се поклонија на чудотворната икона. Се помолија за своите семејства и запалија свеќа во знак на светлината и топлината. Голема посетеност се очекува и во народениот период.

Иван Митев, М-Нет