Чија е вината за искршените нови канделабри на пешачката патека покрај Брегалница

Искршени канделабри  на пешачката патека покрај река Брегалница, на сешуте не комплетираниот прокет за нова штипска туристичка атракција кон црквата свети Власие, е сегашната слика таму. Неодговорност и совест на најниско можно ниво е синонимот со кој  се опишува делото од засега не познати сторители. Болна е оваа слика и за таткото на градот под Исарот, кој истакна дека овој вандалски чин е срамен за штипјани.

Овој вандализам според Николов е резултат на нашата младина, истата онаа младина која не само овде туку уништува на повеќе места низ општината, бидејќи е оставена да прави што сака и да не биде казнувана.

Инаку, од општината информираа дека се работи на повеќе проекти со кои Штип ќе биде побезбеден и подобар град за живот, вклучувајчи ја овде и патеката покрај Брегалница. За потсетување на истата оваа патека пред неколку дена имаше бвид за силување кои заврши неуспешно.

Лаура Стојанова М-Нет