Читаат ли штипјани книги и која им е последната прочитана?

Читаат ли штипјани книги и дали за нив една прочитана книга сè уште има вредност? Едни со насмевка признаа дека немаат прочитано книга уште од задолжителните училишни лектири, други пак поради староста не се во можност да ги читаат ситните букви. Само мал дел од анкетираните кажаа дека денес понекогаш знаат да прелистаат веќе прочитана книга, иако порано читале многу.

На прашањето која е последната книга што ја прочитале, повеќето од анкетираните велат дека било многу одамна, па со текот на годините ги заборавиле и насловите и содржините. Мал дел сепак се сеќаваат која книга последна ја прочитале, а еден од нив посочи дека тоа била криминалистичка книга.

Книгата останува патување во други светови, но колку штипјани денес навистина патуваат низ страниците? Одговорите на граѓаните покажаа дека читањето сè помалку е дел од нивното секојдневие. За едни книгата е спомен од училишните денови, а за други ретко отворена корица.

Ева Тушевска, М-Нет