
Чистење на коритото покрај река Брегалница, од село Балван кон Штип, придобивка или штета. Денеска е прв ден, по добивањето на тендер приватна комапнија да започне со активности за расчистување на коритото покрај река Брегалница. Но, сликата не наиде на одобрување од жителите од село Балван. Месната заедница во село Балван, со пријава за нелегално вадење на песок од коритото на реката. На лице место имаше екипи од Полициската станица Штип, но се установи дека се се одвива според легално пропишани стандарди, и дека фирмата има соодветна дозвола.
„Како прво од мостот е 50 – 60 метри подалеко по проектот направено за да не може да биде оштетен мостот, и ние работеме само по проектот нема нешто да измислиме, имаме соодветна дозвола и тендерот го добивме пред 10 дена“ – истакна Стоилов.
Според Стоилов, работите се извршуваат како што е предвидено во проектот, со цел да се задржи правецот на тек на водата во река Брегалница.
Тендерот е добиен пред десетина дена, денеска е прв ден во извршување на вакви активности и истите ќе продолжат да се одвиваат и во текот на наредните денови.
Лаура Стојанова М-Нет