Четири екипи со максимален ефект во ракометната Суперлигата по две кола, а четири екипи без бодови

ФОТО: РК Вардар1961

Во ракометната Суперлига на Македонија се одиграа две кола, четири екипи имаат максимален ефект, а четири екипи немаат освоено бодови.

Алкалоид има две победи од толку натпревари откако го доби Мулти Есенс и Еурофарм Пелистер 2, шампионот Вардар го доби Еурофарм Пелистер 2 и Куманово, Тиквеш славеше над Струга во гости и дома против Бутел, додека пак Прилеп го доби Куманово, а во Богданци ја доби драмата со Младост каде губеше со седум разлика, а на крај славеше со еден гол.

Охрид и Еурофарм Пелистер имаат по три бодови, откако во првото коло двете екипи меѓусебно ремизираа, а потоа Охрид убедливо на доби Струга, а пак Еурофарм Пелистер славеше сигурно над Мулти Есенс.

По еден бод имаат Младост и Бутел, од меѓусебното реми, а потоа Младост на домашен терен испушти сигурна победа против Прилеп, а пак Бутел загуби во Кавадарци од Тиквеш.

Според тоа Алкалоид, Вардар, Прилеп и Тиквеш имаат по четири бодови, Охрид и Еурофарм Пелистер по три бода, Младост и Бутел по еден бод, Куманово, Еурофарм Пелистер 2, Струга и Мулти Есенс без бодови.

Во следното коло Струга ќе игра со Еурофарм Пелистер, Бутел ќе го пречека Охрид, Прилеп и Тиквеш ќе играат дерби за продолжување на победничката низа, Вардар против Младост, овој меч наместо во Скопје ќе се игра во Богданци, Алкалоид ќе го пречека како фаворит Куманово, а пак Мулти Есенс и Еурофарм Пелистер 2 ќе играат дерби за први сезонски бодови.

Александар Ванев, М-Нет