Четири екипи во Втората футсал лига водат борба за влез во Прва лига

ФОТО: АРХИВА

Четири екипи ја продолжуваат борбата за влез во Првата футсал лига на Македонија – Железарец е лидер во Втората лига со 31 бод, а пак тимот на СЕЕ е втор со 30 бодови, а пак Црна Река е трета со 27 бодови, додека пак Каршиака е четврта со 25 бодови.

Меѓу овие екипи ќе биде борбата за првите две позиции кои водат кон Прва лига, со тоа што некогашниот шампион на Македонија, екипата на Железарец зависи сама од себе и е на добар пат да направи експресно враќање.

Во однос на самата табела Фудбал Старс од Кочани е петти со 18 бодови, колку што има и ССК кој е шести, Кратово е седми со 16 бодови, а толку има и Партизан Југ од Брвеница. Конзули е деветти со 13 бодови, а многу лоша сезона игра Овче Поле од Свети Николе е десетти со 11 бодови, а на дното е Карадаку без бодови.

Утре се отвара 15. коло на Втората футсал лига со мечот во Брвеница меѓу Партизан Југ и Каршиака, каде гостинот е без право на грешка на патот кон елитата. Во недела на програмата ќе бидат два меча. Кратово како голем фаворит оди на гостување кај „фенерџијата“ Кадараку, а пак Железарец ќе биде исто така апсолутен фаворит за мечот со Конзули.

Во понедленик се играат два меча. СЕЕ Университи ќе игра со ССК, а пак ланскиот прволигаш Црна Река ќе игра со Овче Поле.

Александар Ванев, М-Нет