Четворица приведени по тепачка по натпреварот Шкендија Арачиново – Тиквеш, кај еден пронајдена марихуана

Лишени од слобода четири лица по фудбалски натпревар во Скопје, следуваат пријави

Денеска (01.11.2026) полициски службеници од СВР Скопје по завршување на спортскиот фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Шкендија Арачиново и ФК Тиквеш кој се одржа на стадионот на Шкупи во Чаир од слобода ги лишија М.А.(33), Ф.Р.(21), М.Џ.(31) и Д.Ј.(36) сите од Скопје, поради повикување и учество во тепачка согласно член 3 од ЗСННОСН. Лицата се приведени во Полициска станица и им се сочинети записници за констатиран прекршок.

При приведувањето кај М.А. е пронајдена марихуана и истиот е лишен од слобода по член 215 од Кривичниот законик. По целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.