
Раздвижен пазарен ден во Штип и тезги полни со производи. Денеска изобилуваше зеленчукот, а меѓу најпродаваните производи беа зелката, младиот кромид и лук, како и марулата. Продавачите се задоволни од текот на пазарот велат луѓе има и сите купуваат по малку. Но, загрижува фактот што производите од година во година ќе бидат се поскапи, бидејќи нема кој да работи. Од друга страна пак и да се произведува се намалуваат граѓаните кои купуваат.
„Пазарот е прилично добар, има прилично добра излезеност, а цените се исти како претходниот петок. Нашата Лакавица е уште ладна за зелка што значи зелката е околу 80 денари килограм. Скапо е ама нема да има поевтино, заради тоа што не сака никој да работи“ – велат продавачите.
За купувачите цените на градскиот пазар во Штип беа солидни. Велат се купува за цела недела, по малку од повеќе производи. Кесите се полнеа со зеленчук, по малку овошје и компир.
И денеска на пазарот во Штип можеше да се купат јајца, домашна ракија, млечни производи или цвеќе.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет