
Трактор полн со ѓубре, отпад, предмети од домаќинството кои не се употребливи утринава заврши на депонијата кај Пребег во Штип. Фотографии од наши гледачи пристигнаа до нашата редакција, во кои се глда како тракторот се движи кон локацијата во Пребег. Како што истакнаа тие се обиделе загадувачот на околината да го пријават на фејсбук страницата на општинскиот инспекциски надзор, но страната била избришана.
За вакавата ситуација го известивме и директорот на ЈП Исар Трајче Здравков. Тој истакна дека екипи веднаш ќе излезат на терен. Нешто подоцна во телефонски разговор за М-Нет телевизија додаде дека во соработка со комуналниот инспектор при Општина Штип, Борче Везенков ѓубрето било забележано на локацијата кај Пребег, на депонијата која се чистеше пред одредено време, но повторно е со ѓубре. Здравков истакна дека ќе се преземат мерки за сторителот да биде казнет за исфрленото ѓубре. Тој посочи дека сите граѓани кои ќе забележат ваков прекршок и загадување на ќживотната средина тоа може да го пријават на телефонските броеви на ЈП Исар кои на табли се поставени на повеќе локации во Штип, за екипи на претпријатието да излезат на терен и да реагираат.
Лаура Стојанова М-Нет