Хусеин Демири си замина од Охрид

28-годишниот напаѓач Хусеин Демири си замина од второлигашот Охрид и кариера ќе ја продолжи во нов клуб.

Искусниот напаѓач повеќе нема да го носи дресот на охридскиот второлигаш, а во својата кариера покрај за Охрид има настапувано и за Гостивар, Тетекс, Шкупи, Велазерими, Македонија ЃП и Работнички, а има настапувано и за неколку екипи во Косово.

Демири во Охрид се задржа една година, односно во пролетната полусезона од ланската сезона и есенската полусезона од оваа сезона.

Охрид есенскиот дел го заврши на 6. место со 23 бодови колку што има и четвртопласираниот Арсими.

Александар Ванев, М-Нет