Хуманоста покажана на дело. Сега Елена има куќа соодветна за живот

Животот го научил да помага и да биде хуман, наследство од неговата баба кое за некои живот значи. Бивш пожарникар, човек со големо срце, кој помогнал на многу луѓе. Последната негова заложба е реновирањето на семејната куќа на мајка со три малолетни деца во Штип. Мизерниот живот кој таа го живеела претходно, за миг добива поинакво светло, добива нова реновирана куќа, опремена и спремна за домување.

Александар за ситуацијата дознал преку социјалната мрежа фејсбук. Ја контактирал мајката и по првата посета и страшната слика од куќата во која живееле веднаш тргнал во акција.

За неполн месец куќата е изградена, материјалот собран од донации работна рака исто така со хуманитарна работа на мајстори од Штип и Велес. Хуманоста на граѓаните покажана на дело. Сега куќата со сосем нов лик, опремена и спремна за живеење во неа.

Неизмерната среќа мајката на трите малолетни деца не ја сокри од пред објективоот на камерите. Не замислувала дека ќе има топол дом, не верувала докдека работата не почнала да се одвива во најдобар ред. Сега таа има се што може да посака за незјините деца, кров над глава, топол и чист дом и храна.

Животот кон оваа млада мајка бил премногу суров. Со егзистенција од социјална помош, и детски додаток за двете дечиња едвај преживува. Студот и гладот и мизерниот живот претходно и наплатил данок па изгубила едно од своите чеда. Но сега со новиот дом, очекува подо0бар живот во подобри услови за домување. Во наредниот период очекува донација на дрва, и како што вели Елена има се за добар живот.

Лаура Стојанова М-Нет