Хуманитарен концерт за Марина и Кире вечерва во Кочани

Хуманитарен концерт вечерва во Кочани за помош на Марина Лазарова и Кире Калус. Заради тешката здравствена и финансиска состојба во која се наоѓаат, вечерва граѓаните ќе собираат средства за да може да и помогнат да застанат самостојно на нозе. Пораката е и вечерва хуманоста да се покаже на дело.

„Јас како хуманитарен граѓанин сакам да помогнам и се ангажирав за Марина и Кире. Сакам да упатам апел до сите граѓани да застанат рамо до рамо и да помогнеме.“ – вели Хардалов.

Концертот е закажан во дискотека Аква во Кочани со почеток од 22 часот. Собраните средства од истиот ќе бидат донирани на Марина и Кире. Картата за концеротот е 250 денари.

„Сакам да упатам една благодарност и апел до граѓаните оти навистина треба да и се помогне на Марина и на Кире Клаус.“ – додава Хардалов.

Марина и Кире од Кочани се во лоша здравствена и финансиска ситуација подолго време и и е потреба помош за да може да се лекуваат и да застанат на нозе.

Лаура Стојанова М-Нет