
Фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново соопшти дека Христијан Димов и во наредната сезона ќе го носи дресот на клубот, продолжувајќи ја успешната соработка меѓу двете страни.
Од клубот истакнуваат дека Димов е еден од најзаслужните фудбалери за развојот и успесите на Шкендија Арачиново во изминатите години. Неговиот придонес бил особено значаен во периодите кога тимот се натпреварувал во пониските лиги, па сè до достигнувањето на високите спортски цели кои клубот ги остварува денес.
Во соопштението се нагласува дека неговата лојалност, професионален однос и карактер го прават пример за останатите фудбалери и важен дел од клупскиот проект.