
Колони редици, нервозни возачи, а само неколку часа откако беше затворен дел од ул. „Кеј Маршал Тито“. Откако деновиве се гребеше претходниот асфалтен слој, денеска изведувачот го постави новиот. Во изминативе неколку дена за време на активностите возилата се’ уште можеа да сообраќаат по улицата, но денес истата се затвори. За само неколку часа неможноста да се користи улицата предизвика хаос во сообраќајот во централното градско подрачје, иако сообраќајот го регулираа и полициски службеници.
Инаку, ова е второ асфалтирање на главната улица во градот, бидејќи асфалтната маса минатата година не била според стандардите. Проверката се вршеше некое време, а дека санација мора да има беше јасно уште минатата година. Надзорот ги утврди неправилностите, па сега изведувачот ќе изврши корекција на свој трошок. Улицата ќе биде затворена додека целосно да биде завршено поставувањето асфалтна маса.
Ребека Спасова М-Нет