Халкбанк АД Скопје донираше 20 компјутери на СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ во Скопје, со што придонесе за обновување на компјутерската опрема и подобрување на условите за настава во училиштето. Опремата пристигнува непосредно пред почетокот на новата учебна година, кога учениците повторно ќе се вратат во училишните клупи и ќе им биде ставена на располагање во рамки на редовната настава и училишните активности.

Современата технологија денес е важен дел од образовниот процес, а пристапот до соодветна компјутерска опрема им овозможува на учениците полесно да ги развиваат своите знаења и дигитални вештини. Со новите компјутери, гимназијата ќе располага со дополнителни ресурси кои ќе можат секојдневно да ги користат и учениците и наставниот кадар.

Оваа активност се надоврзува на повеќегодишниот ангажман на Халкбанк во различни области значајни за заедницата, меѓу кои важно место зазема образованието. Минатата година Банката обезбеди 27 компјутери и монитори за ОУ „Тефејуз“ во Скопје, како дел од заложбите за создавање подобри услови за учење и развој на младите.

Преку своите општествено одговорни активности, Халкбанк континуирано настојува да одговори на конкретните потреби на заедницата и да придонесе за области кои имаат долгорочно значење. Вложувањето во образованието и во условите во кои младите учат и се развиваат останува важен дел од таа определба.
ПР
Текстот Халкбанк обезбеди 20 компјутери за гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Скопје е превземен од МАКФАКС.