ФФМ формираше репрезентација до 20 години – Александар Таневски е именуван за селектор

Фудбалската федерација на Македонија формираше нова репрезентација до 20 години.

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука со која го именуваше Александар Таневски за селектор на новоформираната македонската репрезентација до 20 години.

Се работи за искусен стратег – Таневски во изминатите осум сезони во својата тренерска кариера ги има водено екипи на вкупно 196 официјални натпревари како шеф на стручниот штаб во Првата и Втората македонска фудбалска лига.

Новиот селектор кариерата ја има започнато во Скопје, а со овој клуб обезбеди промоција во највисок ранг, а истото го повтори и со Македонија ЃП, со кој играше финале во Купот на Македонија и обезбеди место во Европските купови. Таневски имаше голем успех и со Беса, откако со екипата од Добри Дол обезбеди историски влез во Првата лига за Беса, а во својата кариера работеше и со Академија Пандев, сегашна Брера Струмица.

Александар Ванев, М-Нет