Футсал рекорд во Македонија за рубриката „Верувале или не“- на еден меч се постигнати дури 28 голови

Синоќа се одигра последниот натпревар од 9 коло на Првата Футсал лига на Македонија кој треба да се смести во рубриката „Верувале или не“. Имено на натпреварот Јувентус Серава – Кратово беа постигнати дури 28 голови, или натпреварот заврши со резултат 22:6. Од вечерва започнуваат натпреварите во рамките од претпоследното 10 коло кое ќе се отвори во Скопје, натпревар помеѓу екипите на Велес и на Астибо од Штип. Останатите 5 натпревари ќе се одиграат комбинирано во текот од деновите на викендот за што благовремено ќе ве информираме за постигнатите резултати.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk