
Македонските Футсал прволигаши ги одиграа натпреварите од редовното 18 коло во кое фаворитите постигнаа сигурни победи по кои Проект Цико е лидер со еден бод предност пред екипата на Арбен Бајрами. Брилијантна победа за опстанок оствари екипата на Астибо која успеа да победи во Липково. додека Мал Ајакс загуби убедливо во Штип. Еве ги комплетните резултати од ова 18 коло:
- Кратово – Црна Река 8:10
- Арбен Бајрами – Железарец 6:2
- Шкупи – Велес 10:3
- Мал Ајакс – Јувентус Серава 1:9
- Карадаку – Астибо 1:2
- Кеги Моби – Проект Цико 0:11
Табела
- Проект Цико 50
- Арбен Бајрами 49
- Шкупи 47
- Железарец 34
- Јувентус С 27
- Карадаку 27
- Црна Река 23
- Велес 21
- Кеги Моби 15
- Астибо 14
- Кратово 7
- Мал Ајакс 2
Во следното 19 Футсал коло Астибо во Штип ќе биде домакин на Кратово а Мал Ајакс ќе гостува на Железарец во Скпје.