Футсал екипите на Астибо и на Мал Ајакс добија ваучери, на ред се штипските бизнисмени

Денес ја продолжуваме светлата слика за спортските екипи кои од Агенцијата за млади и спорт добија ваучери а тоа се македонските екипи во Футсал. Штипските прволигашки екипи добија ваучери кои се и те како корисни за обете екипи во овие тешки пандемиски години. Но, за да бидат практични потребно е на дело да се појават штипските бизнисмени и во оваа ситуација да излезат во пресрет околу реализацијата на ваучерите на што екипите би биле исклучително благодарни. Клубот за мал фудбал Астибо доби ваучер во вредност од 500.000 денади а екипата на Мал Ајакс доби ваучер во вредност од 400.000 денари. Што се однесува до првенствениот дел,тој викендов ќе започне со одигрување на првото пролетно или редовно 12 коло. Во Штип во недела ќе има двоен програм, најнапред во 16.00 часот ќе се сретнат екипите на Мал Ајакс и на Кратово а во 19.00 часот ќе се сретнат Астибо и Црна Река, обете средби ќе се одиграат во салата на ОУ Тошо Арсов.Еве ги комплетните парови за ова 12 коло:

  1. Шкупи – Карадаку
  2. Мал Ајакс – Кратово
  3. Арбен Бајрами – Кеги Моби
  4. Железарец – Велес
  5. Јувентус Серава – Проект Цико
  6. Астибо – Црна Река
  7. Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk