
На неколку основни и средни училишта на територија на Штип веќе се поставени фотовилтаици, во наредниот период планирано е да се постават на општинската зграда, на кровот на ЈП Исар – со што се работи на заокружување на проектот за зелена трансформација. Со поставување на фотоволтаици се создава електирчна енергија, со тоа се штедат средства кои понатаму може да се искористат за самите институции. Денеска во Штип се одржа настан за предностите и можностите на зелената трансформација.
„Овие средства треба да бидат искористени за самите институции, со што ќе се даде еден позитивен пример не само преку зачувување на животната средина туку и унапредување на состојбите во рамки на самите институции. Сите оние заштеди кои ќе се генерираат истите тие да бидат и да се даде позитивен пример во оваа насока“ – вели Јорданов.
Фотонапонски панели се инасталираа и во Берово. Градоначалникот Звонко Пеќески посочи дека претходниот период фотоволтаици се поставени на пречистителната станица која е регионалнална за Берово и Пехчево, и на две училишта.
„И Берово како и Штип учествуваше во овој проект со што подрачното училиште во село Двориште доби фотонапонски панели.“ – вели Пеќески.
Целта на проектот е да се заштеди електирчна енергија. Резултат има од веќе поставените фотоволтаици, а заштедите ќе бидат вратените на институциите за реализација на нивни приоритетни проекти.
„Вкупно во сите пет земји во Западен Балкан имаме поставено фотоволтаици во 46 училишта кои имаат капацитет од еден мегават производството на чиста електрична енергија. Тие произведуваат илјада мегават часови електирчна енергија годишно. Со ова ние штедиме 880 тони емисии од јаглеродни гасови годишно.
Во Македонија фотоволтаици се поставени во општините Штип, Берово и Чаир во 2023 година, а една година претходно е имплеметирана пилот фазата од проектот Сончеви училишта и фотоволтаици се поставени во општините Делчево, Валандово, Чучер Сандево и Центар Жупа.
Лаура Стојанова М-Нет