(Фото) Николоски: Драго ми е што помогнавме во обнова на Старата чаршија – културно наследство во Гевгелија

Министерството за транспорт ги издаде сите одобренија за реконструкција на објектите во Старата чаршија во Гевгелија, со што допринесовме да го заштитиме ова културно наследство, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија.

Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам и градоначалникот на Гевгелија, ја пуштија во употреба реконструираната Стара чаршија.

„Драго ми е што Министерството за транспорт можеше да помогне во реализација на обновување на Старата чаршија во Гевгелија. Издадени се вкупно 27 одобренија за реконструкција на 27 објекти коишто навистина прекрасно изгледаат. Сакам да се заблагодарам на Управата за заштита на културно наследство и Министерството за култура со коишто заеднички работевме, како и на сите вработени во Министерството за транспорт коишто заедно со Општина Гевгелија на дневна основа работеа. Не беше лесно, особено што се работи за заштитени објекти, но тие 27 дозволи се случија, а после тоа се реализира и проектот. Исто така, се дадоа соодветни дозволи и решенија за партерно уредување и реконструкција на сите пристапни улици, како и на самата главна улица во чаршијата“, истакна заменик пртеседателот на Владата, Николоски.

Тој додаде дека во Гевгелија дополнително се инвестираат околу 165 милиони денари преку буџетот во различни проекти.

„Дел се завршени, дел се во тек. Тука се трите големи проекти кои што се веќе завршени и кои што ги реализиравме преку Министерството за транспорт во соработка со општина Гевгелија во селата Моин, Прдејци и Богородица. Понатаму, завршувањето на западниот булевар „Св. Климент Охридски“, тука е реконструкцијата на улицата „Железничка“, реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“, „Гевгелиски партизански одреди до железничката станица, како и улицата „Новопланирана“.

Ќе продолжиме да работиме и во следниот период, да ја поддржуваме општината и заеднички со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот, Андон Сарамандов, да правиме уште убави работи за Гевгелија” -изјави заменик претседателот на Владата, Николоски.

Текстот (Фото) Николоски: Драго ми е што помогнавме во обнова на Старата чаршија – културно наследство во Гевгелија е превземен од МАКФАКС.