
Брегалница од вчера се пресели во Охрид каде ќе ја одработи главната фаза од подготвките за пролетниот дел од ПМФЛ.
“Сините” денес на СЦ “Билјанини Извори” го одработија првиот тренинг под водство на Горан Здравков. Како што веќе објави телевизија М Нет веќе утре се игра првиот контролен натпревар против амбициозниот второлигаш Воска Спорт на “Билјанини извори” со почеток од 12:00 часот.
Како што претходно информираше телевизија М Нет, Брегалница пред заминувањето во Охрид одигра две контролки. Првата против Академија Пандев во Струмица заврши без победник и без голови (0:0), а втората одиграна во Штип заврши со минималец од 1:0 за “сините” против Тиквеш.


