„Фолклорот наша идентитеска приказна“ беше денешниот настан на УГД Штип

Фолклорот наша идентитеска приказна беше денешниот настан на УГД Штип. На настанот присуствуваа студентите на катедрата за македонски јазик и книжевност, а предавачи на истиот беа Иван Котев, познатиот македонски фолклорист и проф Д-р Горанчо Ангелов, професор на музичката академија при УГД. Според Котев, културата е движечка сила на духот за еден народ, па затоа во државата има огромно фолклорно богатство, што значи дека нашиот народ може да се пофали во светски рамки.

„Кога велам фолклорот, фолклорот е збир на духовни и материјални вредности, како што е и културата , бидејќи културата е идентитетски знак на нацијата, на државата. Без култура, без народ, без територија нема држава. Значи културата е движечка сила на духот на еден народ. Ние тука во нашиот регион имаме огромно фолклорно богатство, не само песни, приказни, легенди, преданија, поговорки пословици, туку имаме и материјална култура, многу јака, а тоа се домашни ткаенини, изработки, музички инструменти и целото тоа нешто што го изработува еден народ свој и самобитен, изворен. Значи нашиот народ од овој крај, може да се пофали во светски размери.“, истакна Котев

Професорката на катедрата за македонски јазик и книжевнопст Ана Витанова Рингачева, истакна дека студентите од овој факултет имаат предмет митифолклор што значи дека тие имаат базични познавања за тоа што значи македонскиот фолклор.

Студентите на македонистика на катедрата македонски јазик и книжевност го учат предметот митифолклор шпто значи тие имаат базични познавања за тоа што значи македонскиот фолклор.“, истакна Витанова Рингачева

Дека фолклорот е од големо значење за една држава, согласен е и професорот на музичката академија Горанчо Ангелов, кој вели дека фолклорот постои, ќе постои се додека се создава, но и поддржува и како трето пренесува.

Па веќе како што рекоа моите колеги, фолклорот е лепеза на народното творештво и подразбира дека сите овие елементи на свој начин имаат свој придонес за таа идентитетска идентификација. Фолклорот постои, ќе постои се додека се создава но и подржува и како трето додека се пренесува тоа фолкорно творештво.”, истакна Ангелов

Инаку, во државата постојат повеќе етнички предели со посебна материјална и духовна култура, но она што останува понатаму прашање е тоа колку од младите истите ги познаваат и дали за нив културата има вредност.

Лаура Стојанова, М-Нет