ФК Тиквеш ја објави новата ѕвезда: Ебубе Висдом Окере засилување за средниот ред!


Фудбалски клуб Тиквеш продолжува да ја засилува својата селекција за идните предизвици, а најновото засилување е 19-годишниот Ебубе Висдом Окере. Младиот фудбалер од Нигерија ќе биде новото оружје на тимот од Кавадарци, а неговото доаѓање се очекува да донесе значително подобрување во средината на теренот.
Окере е сметан за еден од најголемите таленти во Нигерија. Со настапите за младинските селекции на Нигерија, U-16 и U-17, тој докажал дека има голем потенцијал и способен е да се носи со највисоките стандарди на фудбалот. Неговата брзина, агилност и способност за контрола на играта се само дел од неговите особини што го прават вреден засилување за ФК Тиквеш.
„Со неговата енергија и талент, сигурни сме дека ќе биде одлично засилување за средината на теренот“, изјавија од клубот, истакнувајќи го потенцијалот на Окере како важен дел од стратегијата за идни успеси.